
Женската екипа на Астибо од Штип утре, недела ќе гостува на екипата на Вардар во Скопје. Ова ќе биде натпревар од 4 коло во рамките на Супер женската лига на Македонија во кое досега екипата на Астибо доживеа еден пораз од Овче Поле во Свети Николе, одигра еден натпревар нерешено со екипата на Спартак од Скопје а во второто коло беше слободна. Колку за потсетување екипата на Астибо настапува во групата „Б“ на Супер женската лига на Македонија во која настапуваат и екипите на Металург, Овче Поле, Стружанка, Вардар, Ѓорче Петров и Спартак, додека пак групата „А“е составена од 8 екипи.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk