Со книгата „Од компетентност до комплетност“ од м-р. Киро Јорднов до помош за сите наставници

Речиси 13 години собирање забелешки, информации од пишување трудови, складирање и зачувување на истите за денеска да се создаде плодно дело насловено како „Од компетентност до комплентност“.  Книгата е дело на Киро Јорданов, професор по англиски јазик, кој со ова негово дело кое што во печат излегло сосема спонатно им помага на просветните работници, односно им остава прирачник по кој може да се водат во иднина.

„Книгата излезе во месец јуни и е плод на долгогодишна моја работа. За водичот уште веднаш добив позитивни критики и многу добар повратен одговор од моите колеги кои што многу ги почитувам и според нив таа е освежување на нашето образование. Книгата практично се градеше сама, после секое мое учество на конференција, после секое мое предавање, после секој мој решен проблем во училиштето со учениците јас си запишував некои работи кои што сметав дека треба да ги запишам“ – додаде Јорданов.

Учениците и колегите на магистар Јорданов се мотивот поради кој тој се одлучува во печат да ја пушти книгата „Од кометентност до комплетност“ бидејќи интересот за неговите мисли, доживувања и пораки биле големи.Книгата е пишувана од практичар, наставник кој го има доживеано образованието.

Во книгата се опфатени и проблемите со кои се соочуваат и децата со епилепсија како и со други проблеми, со цел наставниците да може да им помогнат на истите. Јорданов истакна дека можност да ја прочитаат оваа сите книга имаат наставници и посочува дека истата може многу да им помогне.

Лаура Стојанова М-Нет