Централен митинг на СДСМ во Штип, според Заев градот е на вистински пат

На плоштадот „Слобода“ во Штип вечерва централен митиг одржаа од Социјалдемократскиот сојуз. За веќе завршените проекти, за напрвеното во претходните четири години, но и за проектите и понудите кои следуваат вечерваа зборуваше кандидатот за градоначалник од СДСМ, Сашко Николов.

„Во овие девет месеци со повеќе од 20 состаноци успеавме да го завршиме и да го закачиме во системот и на крајот на месец ноември Општина Штип од 1968 година за прв пат ќе има нов генерален урбанистички план по кој сите ние ќе моежеме да го градиме и развиваме нашиот убав Штип. И не само тоа. На влезот во Штип после населба Три чешмиод десната страна имаме 300 хектари државно земјиште. Ќе направиме посебна зона наречена комерцијална, зона каде што ќе изградиме аутлетови, молови“ – истакна Николов.

Во изминатите години штипјани конечно живеат квалитетен живот каков што заслужуваат, а така може да продолжи само со кандидатот за градоначалник, Сашко Николов, истакна вечерва Заев.

„Штип конечно го поставивме на правиот пат како што ни е и државата, меѓу современите и урбани европски градови. Штип веќе живее во духот на младоста и прогресот и тој континуитет мора да продолжи“ – додаде Заев.

Со вечерва презентираното, но и за завршување на веќе започнатите проекти Николов ја побара довербата на граѓаните за уште еден градоначалнички мандат.

Лаура Стојанова М-Нет