Низа проекти предвидени и ветени вечерва од Јорданов за жителите во населба Балканска

Караванот на ВМРО ДПМНЕ вечерва на средба со граѓаните во населба Балканска. Во 21 век жителите се уште газат по кал сугерираше вечерва кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне, Иван Јорднаов. Тој додаде дека освен овој за населба Балканска и за овдешните жители се предвидени и низа други проекти, кои вистински ќе се остварат, а не само да се шминка централното градско подрачје.

„Во момент кога се шминка со гол популизам централното градско подрачје жителите од населба „Балканска“ се уште газат по кал, се уште во 21 век нема канализација, нема доволно осветлување и нема најосновни потреби за живот. Затоа во оваа населба вечерва ја презентираме нашата изборна програма која што нуди решение на сите овие проблеми, а јас сум убеден дека после промените кои што ќе се случат на 17 октомври, ќе обезбедиме посигурна иднина за жителите од оваа населба и ќе ги реализираме сите наши проекти кои се однесуваат на асфалтирање на улици, нова канализациона мрежа, дел од горна населба Блаканска како и други содржини кои ги нудиме во нашата изборна програма“ – додаде Јорданов.

Нудејќи дел од проектите предвидени за населба Балканска, Јорданов ја побара довербата и на овдешните граѓани на 17 октомври.

Лаура Стојанова М-Нет