
По секојденвните реакции од граѓаните на Кочани по социјалните мрежи, но и на екологистите кои истакнаа дека и покрај се кочанската фабрика за хартија Пејпер мил сеуште ги труе кочанчани денеска со писмено соопштени излегоа и од менаџментот на фабриката. Од таму велат дека согласно контролното мерење на емисии на количество на прав во димните гасови во воздухот, кое Пејпар Мил од Кочани го спроведе на почетокот на септември годинава до дваесет пати вредностите се пониски од нормата .
„Трендот на исклучително ниски вредности на емисии на прав во воздухот во нашата фабрика продолжува. По поставувањето на новиот вреќест филтер годинава, успеавме да го надминеме најголемиот предизвик за апсолутно секој индустриски капацитет, а тоа е намалување на влијанието од процесот на производство врз животната средина. Резултатите кои ги добивме во изминативе месеци од две различни интернационални акредитирани лаборатории кои вршат мерење според стандардите на Министерството за животна средина на РС Македонија, покажуваат дека не само што драстично е намалено влијанието на процесот на рециклирање и производство на хартија врз квалитетот на воздухот, туку речиси и целосно е елиминирано“ – истакнува Јулијан Даскалов, Генерален директор на Пејпар Мил
Итовремено тој додава дека фабриката и понатаму ќе продолжи да прави редовни мерења со цел проверка на вредностите, како одржливо решение фабриката да работи непречено и да обезбеди чиста и здрава околина за сите.
Инаку во март годинава на оџаците на оваа фабрика беше поставен вреќест филтер кој тројно ги подобри параметрите на штетни емисии во воздухот, кои се во рамки на европските стандарди.
Лаура Стојанова М-Нет