Иднината на Штип е во промените во населба „Баби“ таму вечева беше и караванот на ВМРО ДПМНЕ

Караванот на ВМРО ДПМНЕ вечерва во населба Баби. Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов вели посебен акцен токму на оваа наслба бидејќи овде се младите и ова е иднината на Штип. Истовремено, ветува промена на подобро за жителите од оваа населба.

„Вечерва сме во населба Баби, една од најголемите населби во Општина Штип и токму затоа го ставаме акцентот токму таму. Затоа што ова е иднината на Штип, овде има доста млади семејства којшто треба да ја изградат иднината во нашата општина. Но, вечерва сме овде да поразговараме и за идните проекти, за она со кое што секојдневно се среќаваат жителите на населба Баби. Тие заслужуваат решавање на проблемот со водата за пиење, обнова на водоводната мрежа, подобрување на инфраструктурата, нови тротоари и улици“ – истакна Јорданов.

А промените кои се потребни за една населба најдобро ги знаат луѓето кои пораснале и живеат таму. На советничката листа на ВМРО ДПМНЕ се најдоа двајца кандидати од населба Баби.

„Вечерва овде е караванот на ВМРО ДПМНЕ со цел да ја претстави својата програма и проектите кои ќе обезбедат подобри услови за поквалитетен живот на жителите на населбата Баби.“ – истакна Здравков.

Со вечерашната средба со граѓаните од населба Баби, ВМРО ДПМНЕ го заврши петтиот ден од изборната кампања.

Лаура Стојанова М-Нет