
Посебно тело за управување со кризи во град Кочани како и уредување на Кочанска река по целата нејзина должина се дел од проектите кои ги вети кандидатот за градоначалник на Општина Кочани, од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Љупчо Папазов на вчерашниот митинг кој се одржа во трговскиот центар во Кочани.
„Со изградбата на нови сообраќајни моста комуникацијата од двете страни на реката ќе биде многу побрза и по безбедна. Воведуваме и регистар на загадувачи на природата, водата, почвата, воздухот и само така добиваме вистински патоказ за тоа какви мерки треба да се дизајнираат за ефективно, системско решавање на проблемот со загадувачите“ – истакна Папзов.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го започна митингот со поздрав на присутните, но и на оние кои пред почетокот на говорот фрлаа со јајца. Во продолжение истакна дел од маките на оризопроизводителите во кочанско, но за промените кои ќе следуваат во Кочани.
„Разговарав со оризопроизводителите, велат претседателе нема кој да го купи родот, а и тој што го купуваат го купуваат по срамни 12 денари, ако имаме среќа и по 15 денари. Еве јас че пресемтам на 15 денари, 40 илјади килограми оризова арпа вреди автомобилот на Заоран Заев“ – додаде Мицкоски.
Мицкоски истакна дека тие ќе работат за народот, ќе му слугуваат и ќе ја заслужат довербата на истиот.
Лаура Стојанова М-Нет