Продолжува караванот на ВМРО ДПМНЕ во Штип, Јорданов на средба со граѓаните во Стар конак

Продолжуваат и така наречените мини митинзи односно средба со граѓаните и на канидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов. Вечерва тој и коалицијата за промени беа во Стар конак каде што истакнаа дека централниот дел од градот заслужува да биде подобро место за живеење. Истовремено, на настанот беше презентирана и листата на советници предводена од доктор Влатко Захариев.

„Оваа вечер сме во населбата Стар конак, но и да поразговараме со жителите неколку околни населби на кои што ќе се потрудиме да и ги презентираме проектите и програмата која што предвидува развој и обнова на овој дел од нашиот град. Она што сакам да го споделам оваа вечер е дека ќе се потрудиме и ќе го ставиме како приоритет во следните четири години да направиме реконструкција на водоводната и канализациона мрежа на овој дел од градот, одржување на инфраструктурата, но и секако стопирање на урбаното дивеење и конечно да се стави крај на неконтролираното градење во централното градско подрачје“ – додаде Јорданов.

Ваквите средби со граѓаните за ВМРО ДПМНЕ се доста значајни бидејќи граѓаните можат да го препознаат вистинското и да гласаат за истото, истакна Кожинкова. Зборовите труд, работа, вложување, но и исполнување ќе бидат дел од програмата на ВМРО ДПМНЕ во најавата истакна портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, Игор Ефтимов.

„Караванот на ВМРО ДПМНЕ денеска е во централното градско подрачје во местото Стар конак во кој што гравитираат повеќе градски населби. Ние искрено се надеваме дека граѓаните ќе ја слушнат програмата на нашиот иден градоначлник Иван Јорданов, искрено ќе ја препознаат посветеноста и љубовта со која тој ја работи оваа програма и иднината нова која што тој ја ветува за овој град“ -истакна Кожинкова.

Вчеравечер караванот на ВМРО ДПМНЕ во Штип започна од Ново село.

Лаура Стојанова М-Нет