
Со пректи за подобрување на условите за живот на жителите од Карбинци денеска излезе и кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Карбинци, Виктор Паунов. Со план и визија денеска тој презентираше дел од своите проекти за Карбинци, истакнувајќи дека прв проект ќе биде изградба на нова училишна зграда во село Таринци.
„Сите проекти кои што ги ветуваме и се во нашата изборна програма се со утврдени рокови. Она што можам да го кажам за приоритетните проекти е училишната зграда во село Таринци, во првата година од нашиот мандат се обврзуваме за почеток на изградбата на новата училишна зграда“ – додаде Паунов.
Меѓу другото во листата на значајни проекти за Карбинци се најдоа и инфрасруктура, водовод и канализација, детска градинка.
„Нова детска градинка во село Карбинци, нова училишна зграда во село Таринци, подобрување на водоснабдувањето во село Радање, изградба на повеќе наменско игралиште во село Крупиште…“ – кажа Паунов.
Субвенционирање на изградба на енергетско ефикасни фасади, до изградба на православен црковен објект во село Таринци, реконструкција на регионални патишта, со што секоја неасфалтирана улица ќе добие асфалт, вети Паунов.
Лаура Стојанова М-Нет