Ноќ без починати лица во Штип и Кочани, хоспитализирани се 55 ковид пациенти

Ковид ситуацијата во Општините од Истокот речиси идентична како и претходниот ден односно нема драстично зголемување на бројот на хоспитализирани ковид пациенти во Кочани и Штип. Во штипската болница хоспитализирани се 47 ковид пациенти од кои 41 во модуларната ковид болница и 6 на Кожното одделение кое работи како ковид оддел. Во последните 24 часа новопримени се три пациенти, а исто толку се испишани. Нема регистрирано починати лица. Од хоспитализираните 35 се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 14 пациенти. Моментално слободни се девет кревети, пет во модуларната болница и четири на Кожното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во Кочани хоспитализирани се осум пациенти, од нив четири се вакцинирани а тројца имаат потреба од кислородна поддршка. Во последните 24 часа испишан е еден пациент, а нема новопримени. Нема регистрирано починати лица а слободни се 19 кревети, информираат од кочанската болница.

Според информации од министерството за здравство досега во земјата се направени вкупно 1.282.666 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.463 бројката на оздравени пациенти е 171.871, на починати е 6.630, а бројот на активни случаи изнесува 11.962.

Лаура Стојанова М-Нет