Фудбалски празник и викендов на Бело Брдо, во организација на пионерско младинските школи на Брегалница

Детскиот жагор, раскошните потези, аплаузите од присутните вчера и денес беа во центарот на фудбалските возбудување на спортскиот комплекс на Бело Брдо. Раководството на пионерско – младинските школи на Брегалница се реши на нови пријателски средби на големиот број фудбалски таленти од наразличните возрасти. Во текот на вчерашниот ден на теренот на Бело Брдо продефилираа играчите на Брегалница и на Борец од Велес и тоа од генерациите од 2011 до 2016 година. Успехот во овој случај не го потенцираме со единствена оценка дека другарството, заедничките моменти на теренот победија воспоставувајќи нови пријателства и најважно од се впивање на некои нови фудбалски потези.

Денес на овој терен со вештачка трева се одиграа уште две средби на кои силите ги одмерија младите играчи на Брегалница и на Башкими и на кои средби се покажа раскошниот талент на играчите и на обете екипи.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk