
Попладнево се одиграа натпреварите од редовното 8 прволигашко коло во кое фудбалерите на Брегалница доживеаја висок пораз во Тетово од тимот на Ренова која сега изби на чело на табелата и ќе го исчекува исходот од средбата Академија Пандев – Шкупи кои ќе играат вечерва. Тимот на Тиквеш под раководство на новиот шеф Влатко Костов ја забележа првата првенствена победа а тимот на Пелистер изненади во Скопје освојувајќи бод против Работнички. Еве ги комплетните резултати од ова 8 коло:
- Струга ТЛ – Шкендија 1:1
- Борец – Скопје 0:2
- Работнички – Пелистер 1:1
- Тиквеш – Македонија ЃП 3:0
- Ренова – Брегалница 5:2
- А. Пандев – Шкупи , ќе играат вечерва
Табела
- Ренова 17
- Работнички 15
- Шкупи 14 (-1)
- А. Пандев 14 (-1)
- Струга ТЛ 13
- Шкендија 11
- Брегалница 10
- Македонија ЃП 9
- Скопје 8
- Борец 7
- Тиквеш 5
- Пелистер 3
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk