
Вработените во ЈП„Исар“ кои претходно работеле како обезбедување денеска имаат нова работа, односно функција во ова претпријатие. Ова се должи на фактот дека директорот на ЈП „Исар“ Здравко Коцев не би задоволен од извршувањето на работата од страна на овие лица. Како што исткана тој склучил договор со агенција за обезбедување од Скопе.
„Изминатиот пеиод се покажа и докажа дека во ЈП „Исар“ во делот на обезбедувањето работат луѓе кои што се на некој начин истрошени и изнемоштени и сега за да не бидат отпуштени им се барало работа кај да работат и им се паднало да бидат обезбедување иако не ги исполнуваат сите норми. Се работи за еден особено важен објект односно филтер станицата и не смеевме да оставеме тоа да биде така само по себе, луѓето да доаѓаат трета смена да се отспијат и утре да возат такси“ – додаде Коцев.
Меѓутоа, цената не влијаела позитивно па и овие луѓе не го дале својот максимум во извршување на работата. Договорот е прекинат и истите ќе работат до 1 октомври. Потоа ќе се распише нов тендер и ќе се бараат нови лица кои ќе работат совесно како обезбедување. Како што истакна Коцев, конкретно за филтер станицата треба да биде чувана беспрекорно бидејќи порано вакви објекти се обезбедувале дури и со оружје.
„Се случи тие да не си ја извршуваат совесно работата едноставно еден од обезбедувачите на депонијата го беше напуштил и работното место, не соодветно облечени, нема работна дисциплина и се решивме да им го прекинеме договорот“ – кажа Коцев.
Претходните луѓе кои работеле како обезбедување не се оставени без работа, само се на променета позиција. Коцев истакна дека ЈП „Исар“ штом се одлучило на потег да се ангажира агенција за обезбедување има финансиски средства за истата.
Лаура Стојанова М-Нет