
Фудбалските второлигаши од групата Исток во сабота на програмата ги имаат натпреварите од редовното 5 коло. Водечката Слога ќе гостува во Радовиш, во Струмица ќе се сретнат екипите на Беласица и на Каменица Саса а во Пехчево ќе играат Кит Го и Кожув. Веќе се делегирани и официјалните лица за ова коло и она што е интересно се двата нови лика од штипскиот фудбал кои навлегуваат во нови стручни улоги. Са работи за поранешниот фудбалер на Брегалница Венцо Зафиров, кој и сега е успешен тренер на младинските погони и под чие будно око израснаа и се афирмираа многубројни фудбалери и кој ќе ја има улогата на Делегат на натпреварот Беласица – Каменица Саса. На истиот натпревар во Струмица како Контролор пак ќе се појави до неодамна популарниот фудбалски судија од Штип, Сашо Иванов. Колку за потсетување Шеф на стручниот штаб на екипата на Каменица Саса е исто така штипјанецот Горан Здравков. Нашата Мнет ТВ и спортскиот канал Мнет Спорт ќе вршат директен пренос од натпреварот во Струмица, Беласица – Каменица Саса. Еве ги комплетните двојки за ова 5 коло:
- Локомотива – Братство
- Победа – Осогово
- Детонит – Слога
- Беласица – Каменица Саса
- Кит Го – Кожув
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 25 септември со почеток во 15.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk