Селанец нападнат и ограбен од две лица на градскиот пазар во Штип

На 23.09.2021 во 12.10 часот во СВР Штип, било пријавено дека на градскиот пазар на ул„Сутјеска“ во Штип, две лица физички го нападнале Р.С.(67) од с.Долно Каласлари, велешко и му го одзеле паричникот, при што му нанеле повреда. За настанот запознаен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.