
Зацврстување на односите помеѓу Штип и Италија беше идејата на денешната средба помеѓу Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов, и Амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри. На средбата беше разговарано за повеќе теми од повеќе аспекти, меѓу другото и за вклучување на италијанскиот јазик во наставните програми, како и за економска меѓусебна соработка.
„Се сретнав со Градоначалникот Николов. Средбата беше интересна. Разговаравме за економскиот развој, можноста за развој на трговијата, како и можноста за културен развој со изучувањето на италијанскиот јазик на универзитетот, а постои можност и за во основните и средните училишта во иднина. Навистина, уживав при посетата. Како што ви реков, ова е мој првпат во овој прекрасен град и се надевам дека ќе дојдам повторно наскоро.“
Како што додаде Градоначалникот, во последниот период во Италија економскиот сектор работи со засилено тепмо, па се испорачуваат и работни задачи до компаниите со коишто соработуваат.
Ова е една од многуте средби на Градоначалникот со странски амбасадори во нашата земја со цел меѓусебна соработка и во повеќе други сектори.
Лаура Стојанова М-Нет