ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните уште газат по раскопани улици Николов: ВМРО ДПМНЕ се во право, но…

Неработењето на владејачка партија се гледа преку ископаните улици во Штип повеќе од месец дена, истакнаа денеска на прес од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Ова конкретно се однесуваше на улиците „Панче Караѓозов“ и „Личка“ каде што како што истакнаа од ВМРО ДПМНЕ наместо за седум дена со месеци граѓаните газат по раскопани улици и кал.

„Раскопаните улици на месец пред изборите е очигледна компезација за неработењето на СДСМ во изминатите 4 години. Не само жителите на улица „Панче Караѓозов“ туку и жителите на улица „Личка“ се жртви на неспособноста на локалните власти. Имено, иако медиумски се експонираа дека инстантно за седум денови ул. „Личка“ е со целосно променет водовод и набрзо ќе биде асфалтирана, сепак во реланостна не е така.Поради тоа што новата водоводна линија и приклучоците се многу плитко поставени, а има и површински црева кои не се затворени при асфалтирање на улицата истите пукаат. Односно, еве и после месец дена властите ја немаат завршено улицата, па граѓаните се принудени да газат во кал“ – истакнаа од ВМРО ДПМНЕ.

Одговор за ваквата ситуација побаравме од првиот човек на град Штип, доктор Сашко Николов. Тој вели ВМРО ДПМНЕ се во прво бидејќи во нивните глави реконструкција на улици се прави за само 24 часа, ама тоа не значи дека постои и квалитет.

ВМРО ДПМНЕ се во право и за денеска и за вчерашниот и за пред вчерашниот прес ВМРО ДПМНЕ се во право, затоа што во нивните глави една улица се реконструира за 24 часа. Меѓутоа, таквото нивно работење е резултатот што денеска го имаме на улица „Личка“, затрупани шахти, закопани канализации, уништени водоводни линии и фрлање асфалт врз коцките. СДСМ и јас како градоначалник не работиме така“ – додаде Николов.

За улица Личка, Николов истакна дека можеби требало да биде завршена побрзо ама каблите не дозволиле да влезат големи багери и да си ја завршат работата. Според него ќе биде асфалтирана копга ќе биде асфалтирана, односно кога ќе се стави асфалт на истата.

Лаура Стојанова М-Нет