ВМРО ДПМНЕ: На ул. „Панче Караѓозов“ во Штип пораснаа патлиџани

Улицата „Панче Караѓозов“ во Штип на која се работи речиси половина денеска тема за прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Меѓутоа, денеска не обвинија ниту за времетрањето за реконструкција на оваа улица, ниту за квалитетот и брзината на работа. Според нив граѓаните на Штип и жителите на оваа улица не заслужуваат наместо по улица да минуваат по бавча, бидејќи до шахтата пораснале патлиџани.

„Ова никој не го очекуваше. На неколку месечните отворени ископи на улицата „Панче Караѓозов“ веќе почнале да растат патлиџани. И покрај бројните фотосесии на Министерот и градоначалникот на оваа улица, очигледно истата наликува на ораница и бавча. Граѓаните на Општина Штип и жителите на улица „Панче Караѓозов“ не го заслужуваат ова“ – додадо од ВМРО ДПМНЕ Штип.

Од ВМРО ДПМНЕ дури илустартивно покажаа дека патлиџаните веќе се пораснати и готови за берба доколку ви се потребни за туршија. Во спротивно треба да се почека за истите да созреат. Од кабинетот на градоначалникот пак за ваквиот прес на опозициската ВМРО ДПМНЕ, кажаа дека нема да одговорат.

Лаура Стојанова М-Нет