
Со непречено темпо се одвива процесот на имунизација во Кочани и Штип. На вакциналниот пункт во Кочани за денес се закажани околу 250 лица за ревакцина, а до 14:00 часот со прва доза беа вакцинирани околу 100. Вакцинираните лица се од различна возрасна група, меѓутоа значително помал е бројот на млади.
„Вакцинацијата во Кочани тече непрестано. За денес имаме закажано 150 пациенти за ревакцина со „Фајзер“, 77 пациенти со ревакцина со „Синофарм“, како и 30 пациенти за ревакцинација со „АстраЗенека“. Во меѓувреме се одвива и вакцинација на населението со прва доза. До овој момент имаме околу 50 пациенти кои се вакцинирани со „Синовак“ и околу 50 пациенти кои се вакцинирани со „Фајзер““, информираше координаторот за вакцинација во Кочани, Или Постолов.
Во Штип, пак, бројката е на половина. До 15:00 часот биле вакцинирани 157 граѓани, меѓу кои и оние со прва доза и оние кои примиле ревакцина. Најмногу од вакцинираните, скоро 2/3 се вакцинирани со вакцината „Фајзер“. Според информации од МЗ, 55% од населението над 40 години и 30% од населението 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина. Вакцинирани се вкупно 767.652 граѓани.
Ребека Спасова МНет