
Меѓународниот турнир во борење во чест на 8 септември што се одржа во Скопје се претвори во вистинска арена која можеше да има и трагични последици. Имено борачот на Бучим од Радовиш во Кадетска конкуренција до 60 кг. Арон Николов беше нападнат и три пати прободен со нож во ногата од борачи претставници на Лирија. Во денешниот разговор со претседателот на БК „Бучим“ Владо Лазаров тој ни посочи дека бараат најстроги мерки на одговорност за организаторите на овој респектабилен Меѓународен турнир, како и кривична одговорност за директните учесници за напад врз младиот кадет на Бучим. Владо Лазаров нагласи дека здравствената состојба на Арон Николов е задоволителна и дека тој се наоѓа на домашно лекување. Ова не е прв пат да се случува инцидент на боречките борилишта, откако на сличен начин исто така во Скопје беше нападната дел од екипата на Олимпија од Штип за што сеуште нема разврска и за што се лишени од натпреварувања младите штипски надежи.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk