Пазарот во Штип релативно задоволителен

Со слаба побарувачка помина пазарниот ден оваа недела на градскиот пазар во Штип. И купувачите и продавачите – релативно задоволни. Сепак, уште стои она дека ситуацијава е ваква, главно, цела година. Ајварскиот пипер и понатаму се купува, ама цените се исти, и покрај најавите дека има шанси за нивно покачување.

Една од причините за ваквата ситуација беше и тоа што дел од продавачите кои не се од Штип доаѓаат еден ден претходно. Па состојбата беше поинаква вчера попладне кога народ имаше повеќе од вообичаено. Веројатно, граѓаните се слободни попладне, па се чини како вчерашниот ден да беше пазарен ден.

Меѓутоа, штипјани побрзаа и денес  последните неколку часа да ги набават потребните продукти пред да се затвори пазарот, па и пред да заврне. Сепак, и во 13 часот не беше продадено многу од она што производителите и трговците го донеле на своите тезги.

Ребека Спасова МНет