Штипската полиција со полни раце работа и за време на државен празик

Полиицијата во Штип и за време на државен празник со полни раце работа. Во акција со Шумската полиција и претставници од Национални шуми СЕРТА Штип, вчера се извршила контрола за одземање на бесправно исечени огревни дрва и транспорт на истите.

„Со цел спречување на бесправно исечени дрва и транспорт на огревни дрва, преземени се мерки при што при опсервација на неколку села пронајдени се и одземени пет возила натоварени со огревни дрва, а при прегледот на терен пронајдени се и одземени три моторни пили и еден мобилен телефон. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип. Одземените моторни возила и бесправно исечените огревни дрва од страна на полицијата се предадени на Шумска полиција на понатамошна постапка“ – истакна Панајотова.

Истовремено во текот на вчерашниот ден лишени од слобода се две лица за кои постои основи на сомнение дека извршиле 11 кривични дела „тешка кражба“.

„Од страна на полициски службеници од СВР Штип на 08 септември лишени се од слобода две лица на возраст од 33 и 25 години поради постоење основи на сомнение дека извршиле 11 кривични дела „тешка кражба“ од куќи на подрачјето на Штип и село Црвулево.“ – додаде Панајотова.

Од полицијата додадоа дека дополнително се работи и на отстранување на стари технички неисправни и нерегистрирани возила од сообраќајот со цел да се намалт сообраќајните незгоди, бидејќи како што додаде Панајотова тие се во најголем број предизвикувачи на сообраќајните незгоди.

Лаура Стојанова М-Нет