
Пред три децении Македонија стана независна и суверена држава, а сонот на генерации и генарции стана јаве. На референдумот одржан 1991 година мнозинстовото граѓани се изјасниле дека се за независна држава во која ќе продолжат да живеат. Денеска под маски и во ковид пандемија се одбележува јубилејната 30 годишнина од независноста на Македонија. Професор Трајче Милев вели поголема манифестација за одбележување на независноста памети само одбележувањето на 20 годишнината, додавајќи дека во секој случај овој ден е од големо значење за сите.
„Значењето на овој ден е еден од најважните за македонскиот народ и македонската држава затоа што после многу вековна окупација од турско ропство и заедница со југословенските народи македонскиот народ конечно можеше на референдум сам даа го каже своето мислење за независност и да добиеме едно парче земја кое ќе биде не само на македонците туку и на самите граѓани на оваа држава.“ – истакна Трајче Милев, професор по историја.
Од неизвесност до голема еуфорија професорот Милев ја доловува атмосферата 1991 година кога се чекале резултатите од референдумот и одлуката на граѓаните за независност на државата.
„Да се прогласи независноста прво беше тензично затоа што знаете тоа беа малку и воени времиња не се знаеше како ќе одговори останатиот дел од народот тогаш Црна гора и Србија, меѓутоа кога се видоа бројките дека цела Македонија стои зад независноста тоа прерасна во една еуфорија и голема прослава“ – додаде Милев.
Според официјални информации на реферндумот 1991 година 71,85 % од граѓаните со право на глас излегле да гласаат, а позитивно се изјасниле 95,26 %.
Лаура Стојанова М-Нет