Без вообичаениот поздрав за медиумите промовиран кандидатот за градоначалник на Општина Штип

На вчерашната промоција за кандидатура на градоначалник од СДСМ за Штип, преку емаил бевме повикани како медиуми да го проследиме настанот. Со почеток во 19 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип свое обраќање имаа министри и пратеници во собранието, актуелниот градоначалник на Штип, промоцијата ја следеа поголем број граѓани како и ние медиумите. Но, изгледа почитта кон нас изостана од сите страни. Сите говорници кои се обратија на Штип, штипјани и штипјанки, на присутните гости, директори на институции, во своето обраќање не одадоа почит на медиумите, исто како и да не бевме присутни.

Ненамерен пропуст или свесно заборавање на медиумите е прашањето кое му го поставивме на Градоначалникот на Штип, Сашко Николов. Тој вели голема возбуда пред се и лапсуз од негова страна. Во оваа прилика тој јавно и се извини на медиумите бидејќи вчера не бевме воопшто споменати.

„Се извинувам што вчера беше посебна вечер за мене, вечер кога бев претставен за кандидат за градоначалник, но овој пат за целиот мандат. Возбудата беше огромна за сите присутни кои што дојдоа таму, бројот беше не очекувано голем. Од страна на медиумите бевте присутни сите можни медиуми што дополнително направи голема возбуда во мојот говор и во сето она што сакав да го кажам, многу работи и не кажав така да тоа беше еден не намерен пропуст, буквално лапсуз во мојот говор“ – додаде Николов.

Во меѓувреме, вообичаениот поздрав кон медиумите беше секогаш присутен во обраќањата на градоначалникот Николов на било каков настан.

Лаура Стојанова М-Нет