ВМРО ДПМНЕ: Со делење храна на ранливи категории граѓани, СДСМ купува гласови!

Делењето пакети во Ромското маало во Штип мета за критики од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму велат дека партијата на Власт глумејки хуманост ги поткупува социјално ранлиите категории граѓани за да го избегне поразот на претстојните локални избори на есен.

„Партијата СДСМ глумејќи хуманост под маската на Црвен крст токму во предизборниот период веќе неколку пати дели пакети во Ромското маало“ – истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Од ОО на Црвен крст Штип одговорија дека тоа се активности кои се одвиваат секојдневно и тие немаат никаква можност за политички поени овде.

„Почнувајќи од 14 август годинава како општинска организација интезивно дистрибуираме хигиенски пакети и лектири за ученици, до крајно корисни приматели на социјална помош Овие пакети се дел од проектот „Итно справување со Ковид-19 во PCM“, поддржан од Светска банка, а имплементиран преку проектното одделение на Светска банка при Министерството за труд и социјална политика. Притоа, Црвен крст ниту ги составува листите на приматели, ниту има удел во селекцијата на социјални критериуми.“  истакнаа од Црвен крст Штип.

Овој проект се реализира на национално ниво и има за цел поддршка на 55.488 социјално-ранливи семејства низ цела држава.

Лаура Стојанова М-Нет