
Вечерва се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и комбе на раскрсницата помеѓу улиците “Карл Маркс” и “Борис Кидрич” во Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип. Повеќе информации за овој настан се очекуваат во текот на утрешниот ден. Нема информации за повредени лица.