
Вечер на полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници и советнички листи на локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври. Заклучно со 28 август, од ДИК информираат дека 18 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи, а се собираат за уште 15. 38 независни групи избирачи ги собрале потребните потписи, а процедурата е во тек за уште 26. Во Општина Штип до овој момент се уште нема поднесено листа за независен кандидат за градоначалник, ниту листа за кандидати за членови на совет на општините. Најмногу во Источниот дел од државата независини листи за градоначалник има поднесено во Македонска Каменица.
За Општините од Истокот потребните потписи за независен кандидат за градоначаник ги собрал само Перо Митревски за Македонска Каменица, а се собираат за Дејан Велиновски и Миран Митревски исто за Македонска Каменица, за Мартин Кировски за Кочани и Зоран Чиплаковски за Берово.
Потребните потписи за листи на кандидати за членови на совет за општините од Истокот ги собрале група избирачи Аки Акиев листа на кандидати за членови на Општина Кочани, Франческо Наков за Општина Чешиново Облешево, Сејдо Селиов Виница, Перо Митревски за Македонска Каменица, Венко Крствски Кочани, Владо Ристов Зрновци, Дејан Ѓорѓиев и Денис Тодоровски за Пробиштип.
Во тек е процедурата за собирање потписи за Миран Митревски за М.Каменица.
Во меѓувреме во тек е јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае до 9 септември 2021 година. Во Избирачкиот список досега се направени 7.054 проверки. Има 16 барања за запишување во Избирачкиот список, 28 барања за бришење на податоците и пет барања за измена на податоците, при што 20 барања се поднесени електорнски, информира ДИК.
Лаура Стојанова М-Нет