
На 29.08.2021 во 16.05 часот во село Чардаклија, штипско, полициски службеници од Полициската станица Штип забележале и фатиле девет мигранти од Замбија, кои по наредба на Јавен обвинител, биле спроведени до прифатниот центар ,,Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. Во врска со настанот било приведено едно лице и се преземаат мерки за расчистување на случајот.