
Со настап на батаљонот за почести на Армијата на државата и воениот оркестар денеска во Општина Виница се одбележаа 77 години од ослободување на градот. Во присуство на градоначалникот Ивица Димитров, претставници од Армијата, делегации, борци и граѓани се одбележа овој ден. Заради ковид пандемијата програмата беше намалена, истакна Димитров, но задоволството е големо бидејќи за прв пат свој настап имаше батаљонот за почести.
„Денес по повод 77 години од ослободувањето на Виница најпрво ги посетивме спомен плочите на паднатите борци, потоа следуваше оваа точка, се со цел бидејќи изминатите години правевме доста богати програми, меѓутоа заради ситуацијата со ковид 19 оваа година се сведовме само на овој настан“ – истакна Димитров.
30 авгут е еден од позначајните датуми за виничани, бидејќи е сведоштво за борбата, за истрајноста и за успехот на хероите.
Настанот беше проследен и со читање рецитал, истиот се одвиваше на отворено со почитување на мерките и протоколи за заштита од ковид 19, а заврши со седница на Општина Виница.
Лаура Стојанова М-Нет