
Претпразнично, но и на крај на месецот пазарот во Штип за дел од продавачите задоволителен и со побарувачката и со цените. Другиот дел од продавачие и прозиводители на овошје и зеленчук велат дека народ нема и пазарот не ги задоволува нивните потреби.
„Пазар скоро нема ич, народот се исели кој како заврши училиште не се враќа“
„Пазарот добро денеска, цените се како минатиот петок исти“
Според примањата на граѓаните и тие велат дека цените на градскиот пазар во Штип биле високи, скап пазар но мора да се задоволат основните услови за живот и да се купи храна.
Околу пладне во пазарот се уште имаше раздвиженост. Граѓаните кои не пазарувале наутро на пониски температури тоа го правеа попладне. Денеска најмногу се бараше везениот пипер и истиот беше достапен речиси на секоја тезга.
Лаура Стојанова М-Нет