
Вчера се одиграа натпреварите од првото коло на Втората Македонска фудбалска лига – Исток во кое тимот на Кит Го гостуваше во Прилеп. И покрај резултатот од 1:0 во првиот дел, младите играчи на Кит Го не успеаја да го задржат водството и на крајот загубија од Победа со резултат 2:1. Наши извори од клубот велат дека веднаш по натпреварот, шефот на стручниот штаб на Кит Го Емил Грнев си дал оставка. Не се наведуваат причините за тоа, освен зборовите за благодарност за досегашната успешна соработка со сите во клубот и со желба за продолжување на постигнување добри резултати. Екипата на Кит Го фигурираше одлично во изминатиот шампионат, но клубот го напуштија неколку респектаблини играчи со цел подмладување и ова првенство треба да биде „осткочна даска“за некои од нив. Пред се тоа се млади, талентирани, фудбалски потковани играчи на кои треба да им се верува и новиот шампионат треба да ги издигне во височини. Иднината е пред нив и треба да им се верува. За тоа кој ќе биде нов тренер се шпекулира со неколку имиња, a исто така не се знае и каде во недела ќе се одигра натпреварот Кит Го – Детонит а во опција се Пехчево или Штип.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk