Џудо федерацијата на Македонија одржа едукативен тренинг во Битола

Во заедничка организација на ЏФМ предводена од Ѓуро Илиќ ( 6 дан) и селекцијата на ветерани предводена од селекторот Киро Здравевски во Битола се одржа едукативен тренинг со презентација на програма за полагање на мајсторски – ДАН појаси. Претставниците на ветераните презентираа свои видувања и начини на изведување на џудо техники а се со цел интерес и приклучување и омасовување на клубови ширум Македонија со млади симпатизери за овој спорт кој се повеќе зема замав. Според информацијата од Драган Шеќероски на овој едукативен тренинг присуствуваа членови од повеќе македонски Џудо клубови, Прилеп, Сеишин и Санкаку, Гладијатор од Кочани, Пелистер од Битола и Рудар од Македонска Каменица.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk