Мицкоски со писмо до Јорданов, не се споредувај со Господ – биди слуга на народот!

Со писмо до кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ во Штип, Иван Јорданов вчеравечер се обрати лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Наместо со политички говор, стереотипи, Мицкоски му порача на Јорданов да биде слуга на народот, секогаш да им служи на своите граѓани за најдоброто на Штип. Тој додаде дека на оваа генерација на ВМРО ДПМНЕ  е товарот за работите да бидат променети.

„Доста беше од локални бизнис моќници и новокомпонирани бизнисмени кои се доближуваат до Локалната самоуправа само да се дограбат до матица за некоја нова зграда нов бетон во кој ќе се гушат граѓаните. Таквата брза заработувачка прави да имаме денес градоначалници кои станале кметови, одлепени од народот затоа што канцелариите им се полни со куферчиња пари. Најчесто таквите градоначалници од Власта ги викаат со популарно име „комшии“. Затоа Иване кога ќе ти дојде некој таков веднаш да го избракаш! – додаде Мицкоски.

Мицкоски во својот говор порача дека повеќе внимание треба да им се посвети на лицата со посебни потреби, Штип да добие зеленило, велосипедски патеки, а Иван во никој случај да не се споредува со Господ бидејќи не е. Штипјани кои беа на плоштадот Слобода синоќа со голем аплауз го дочекаа и говорот на Јорданов.

„Одлучив да ја говорам вистината, а вистината е дека реалноста во Штип денес е тажна и сурова. Луѓето се безнадежни, демотивирани, деморализирани, луѓето не веруваат во подобра иднина. Затоа стојам сега пред вас, ве гледам и ве повикувам заеднички да застанеме и да ги направиме промените“ – додаде Јорданов.

Јорданов посочи дека владејачката партија има пари, можеби имаат логистика, но ВМРО ДПМНЕ имаат срце  и токму затоа ќе склучат коалиција со народот за подобар Штип. Во ваков амбиент и со вакви идеи и ветување вчеравечер беше промовирана кандидатурата на кандидатот за градоначалник за Штип, Иван Јорданов.

Лаура Стојанова М-Нет