
Кик боксерот на Гладијатор од Штип Никола Нацев од вчера ги започна подготовките за претстојниот Балкански шампионат што од 3 – 5 септември ќе се одржи во Скопје. Според информацијата од тренерот Шенол Асанов подготовките Никола Нацев ќе ги спроведува на Власинското езеро во Србија се до 31 август а на овој тренинг камп ќе бидат присутни кик боксери од повеќе земји.


Овде во Србија на подготовки се домашните репрезентативци, потоа кик – боксерите од Црна Гора, БиХ, Бугарија и Молдавија кои тренираат на два пати дневно. Знаејќи ја упорноста, талентот и желбата за успех на Никола Нацев, тренерот Шенол Асанов се надева на нов успешен настап и на ова Балканско првенство во Скопје.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk