Нов блесок и нов гол на Бојан Миовски за нови бодови за тимот на МТК

Штипјанецот Бојан Миовски ги потврдува своите голгетерски способности во дресот на унагарскиот тим МТК од Будимпешта. Новопечениот македонски репрезентативец синоќа беше творец на победата на МТК на гости против незгодниот тим на Ујпешт кој славеше со резултат 1:2. Домашните фудбалери имаа водство од 1:0 во 66 м. но Бојан Миовско постигна гол во 72 м. со кој се израмни резултатот на 1:1. Во самиот финиш кога сите очекуваа крај Бојан Миовски беше асисент за неговиот соиграч кој постигна гол за победа од 1:2 во 92 минута. Моментално тимот на МТК е на второ место во првата OTP BANK лига на Унгарија со 7 боови а прв е тимот на Кисварда со 9 освоени бодови. Со оваа игра и со овој нов блесок Бојан Миовски уште еднаш покажа и докажа дека сосема во право е одлуката на новиот селектор на македонската репрезентација Благоја Милевски да го повика во редовите на нашата „А “ селекција за претстојните квалификациски дуели за СП Катар 2022 г. Македонија на 2 септември во Скопје ќе игра против Ерменија, на 5 септември во Рејкјавик против Исланд и на 8 септември во Скопје против Романија. Собирот на сите репрезентативци е договорен за 29 август во Скопје.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk