
Денес во „куќата“ на фудбалот се изврши ждрепката за новата сезона во Втората Македонска фудбалска лига група Исток и Запад која ќе започне веќе во среда 25 август. Ждрепката сакаше на стартот на истокот да се сретнат повеќе традиционално незгодни противници кои ветуваат интересно, возбудливо и до крај неизвесно првенство. Тимот на Беласица во Радовиш ќе се сретне со новајлијата Детонит, додека пак во Прилеп ќе играат Победа и Кит Го. Еве ги комплетните двојки за првото коло:
- Детонит – Беласица
- Победа – Кит Го Пехчево
- Локомотива ( Градско) – Кожув
- Осогово – Каменица Саса
- Слога – Братство ( Житоше)
Во Западната лига ќе се сретнат:
- Кораби (Дебар) – Вардар
- Силекс – Кадино
- Тетекс – Велешта
- Гостивар – Воска Спорт
- Охрид – Беса ( Добри Дол)
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk