
Од денеска ако сакате да се напиете кафе во угостителски објект мора да поседувате сертификат за примена барем прва доза вакцина. Без разлика на капацитетот на угостителскиот објект, сертификатот е задолжителен, за лакалите до 30 гости контрола прават вработените лица, а за поголемите локали потребна е редарска сллужба. Но, освен угостителски објкети од денеска сертификат за вакцинација се бара и во трговските центри моловите, обложувалниците и казината. Во трговскиот центар во Штип лицата кои не се вакцинирани ливчиња за во обложувалница потполнуваа надвор.
Стенд ап 7867 00,00 обложувалници 00,13 објекти
Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните КОВИ -19 документи.
Во меѓувреме, За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД-19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Странските државјани кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.
Овие мерки се донесени на 99 Владина седница а веќе од денеска стапија и на сила.
Лаура Стојанова М-Нет