Приведено едно лице за обљуба и физички напад над 28 годишната штипјанка

По вчерашниот прилог на МНет телевизија за физички напад над 28 годишна штипјанка, СВР Штип ги соопшти деталите поврзани со овој случај. На 15.08.2021 во 05.00 часот на ул.„Радански Пат“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.Д.(32) од Штип поради сомнение дека физички нападнал и извршил обљуба врз 28-годишна жена од Штип. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.