
Вечерва во Сараево започнаа борбите на Европското првенство во бокс за деца. Прв настап од македонските преставници имаше единствената девојка Мила Ѓеоргиева која за противник ја имаше Чешката натпреварувачка Јулија Полетинка. Тренерот на македонската репрезентација Димитар Ташков не информираше дека Мила Ѓеоргиева прикажала херојска борба против поискусната Полетинка која има и повеќе мечеви во својата кариера, воопшто не се исплашила,но за жал сепак го загуби овој меч. Ова ќе биде големо искуство за младата Мила Ѓеоргиева која уште отсега најавува богата кариера. На Европското првенство во Сараево настап очекуваат уште петмина наши боксери меѓу кои и вториот преставник од клубот Пинк Пантер Тим од Штип а тоа е Алиџан Демиров. Противник на Демиров во неговата категорија ќе му биде белорусинот Андреј Кипел.
Драги ГерасимMnet.mk