Заинтересираноста е зголемена, но нема потреба од дополнителен простор за вакцинација во Штип

Нема потреба од дополнителен простор за вакцинација во Штип. Просториите на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ се доволни за да ја покријат заинтересираноста на граѓаните. Таму, и покрај тоа што е зголемен интересот за вакцинација, се примаат и прва доза и ревакцина. Има оспособено уште една нова просторија, но сепак тоа е доволно, велат медицинските лица.

На вакциналниот пункт нема конфликтни ситуации како на некои други пунктови во државата. И покрај гужвата, периодот на чекање зависи од моментот, но не е повеќе од 10 – 15 минути.

Инаку, во текот на овие неколку дена забележан е значително зголемн интерес за вакцинација помеѓу граѓаните на сите вакцинални пунктови во државата.

Досега вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454.788 граѓани.

Ребека Спасова МНет