
Од ДПМНЕ дошле само да се сликаат, а не да работат, обвини директорот на ЈП „Исар“, Здравко Коцев. По вчерашната акција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип за расчистување на остатоците од хаварисаните возила пред АД Баргала, како и по ветувањето на Градоначалникот Николов дека ќе ги поврзе со директорот на ЈП „Исар“, денес оттаму спроведоа работна акција. Како што рече директорот, поради нивната неуспешна акција, дошле да го довршат потребното.
Коцев апелираше до нив дека во полза на остварување на нивната цел, можат да се обратат до ЈП. Тие имале луѓе, средства и машини, па можат да им помогнат во спроведувањето на вакви акции. На крајот на краиштата, потенцираше директорот, заедничката цел на сите е градот Штип да биде почист.
Ребека Спасова МНет