
Нов застражувачки пожар повторно се распламса и се прошири заканувајќи се на самиот град Кочани. Според информациите кои кружат по социјалните мрежи пожарот избувнал кај селото Бели и патот кон оваа населба и кој води кон Осогово е целосно затворен за граѓански возила освен за противпожарните возила. Во акцијата за гасењето на пожарот евидентни се големи групи на граѓани кои во очај да ги спасат своите куќи( од кои некои веќе се зафатени со пламен), помагаат во гаснењето на пожарот. Најновите инфориции велат дека неколку куќи во Белско маало веќе се запалени со закани кон преостанатите куќи од оваа населба која е дел од самиот град Кочани . Испаничените луѓе од Кочани бараат и молат за помош од институциите кои евидентно потполно потфрлија и несериозно се однесуваат кон оваа огнена катастрофа.

Драги Герасимов – Пушка Мнет.мк