
Денес 66 млади пливачи и пливачки ги заплиснаат охридските езерски води најавувајќи го традиционалниот Илинденски маратон. На ова 42 издание покрај останатите, настапија и членовите на ПСК „Челични“ од Штип чија мала, но одбрана екипа ги освои сите симпатии.


Патеката долга 2,5 км. на Илинденскиот маратон како втора ја исплива Вероника Зашевска освојувајќи го сребрениот медал. Тренерот Мирко Јакимовски во целина е задоволен од учинокот на сите поединци имајќи во предвид дека дека преостанатите натпреварувачи Ивона Наумова, Методи Горгиев и Јован Иванов се пласираа од 5 до 10 место на ранг листата.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk