
СВР Штип поднесе кривична пријава против И.А.(33) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 08.04.2021 во спортска обложувалница на ул.„Енгелсова“ во Штип, пријавениот пуштил лажна банкнота од 1.000 денари во оптек како вистинска. Од страна на НБРСМ било извршено вештачење на банкнотата, при што било констатирано дека е фалсификат.