Прва лига Фудбал: Брегалница – Шкупи ќе се сретнат во првото коло

Денес во Скопје се изврши ждрепката за редоследот на натпреварите во Првата Фудбалска лига на Македонија за сезоната 2021/2022 година. Ждрепката сакаше во првото коло да се сретнат и домакини да бидат новајлиите Брегалница и Тиквеш против првопласираните од претходното првенство екипите на Шкупи и на Шкендија.

Еве го редоследот на натпреварите за првото коло кое ќе се одигра комбинирано на 7 и на 8 август
1. Работнички – Борец

2. А.Пандев – Струга Т Л

3. Тиквеш – Шкендија

4. Ренова – Скопје

5. Брегалница – Шкупи

6. Македонија ЃП – Пелистер

Во оваа сезона ќе се натпреваруваат 12 екипи кои во два круга ќе одиграат 22 коло, а ќе се игра и „Бергеров“ трет круг со нови 11 кола или севкупно ќе се одиграат 33 кола. Според информациите од Извршниот Директор на Брегалница Емил Тодев во среда најверојатно во Кавадарци ќе се одигра контролен меч со тимот на Тиквеш а „генералката“ Брегалница – Силекс ќе се одигра во недела 1 август во Штип но сеуште не е утврден почетокот на средбата за што дополнително ќе информираме.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk