
Од септември се очекува во Општина Штип за прв да почне со работа продавница за продажба на сувенири. Досега продажбата за сувенири во градот под Исарот не може да се пофали со големи достигнувања, пред се заради немањето соодветна продавница за ваква намена, а дополнителен недостаток е и фактот што сувенири конкретно за Штип нема. Директорот на Завод музеј Штип, Митко Штерјов посочи дека ваква продавница претходно постоела, но не функционирала, денеска само и е променета локацијата, но сеуште не е спремна за почеток со работа.
„Ние вложивме напори во овој период заедно со Локалната самоуправа за да можеме на посочената локација да ја преместиме оваа сувенирница. Се надевам дека од есен после овие летни одмори ќе собереме сили да можеме да ја отвориме оваа сувенирница, бидејќи се гледа дека на градот му е потребна. Наша замисла е тоа да биде како туристичко информативно биро и плус сувенирница“ – исткана Митко Штерјов, Директор на Завод музеј, Штип.
Сите граѓани од Штип но и посетители и туристи кои сакаат да си купат сувенир од град Штип тоа може да го направат во просториите на завуд музеј Штип, од асортиманот кој се нуди таму. Штерјов го истакнува и проблемот дека многу малку граѓани знаат дека ова продажно место постои и поретко се посетува.
Проблем плус за функционирањето на една продавница за сувенири претсавуваат и финансиските средства, бидејќи воопшто не е лесно да се обезбедат финансиски средства.
Изјава 04,13 една 05,00 функционира По завод музеј Штип е продавницата за сувенири во Берово, која работи неколку години и како што истакна Штрејов задоволни се од продажбата на сувенири. Во меѓувреме се очекува потребите да се задоволуваат и во Општина Штип, откако на есен ќе се отвори продавница и овде.
Лаура Стојанова М-Нет