
Дел од Дрвјата кои се пресадија од булеварот Партизанска покрај кејот на река Брегалница во населба Осми ноември во Општина Штип покажуваат знаци на сушење. Според одредени верувања, промашено е времето кога се пресадувани односно ова требало да се прави во февруари, а не крајот на април, според други недостасува вода. Васко Златковски вели за да се одговори на прашањето зошто дрвјата се исушени треба покомплексно да се испитаат сите можни фактори кои влијаат.
„За да дојдеме до вистинскиот одговор зошто растенијата сега се сушат, после три месеци од пресадувањето треба да се пристапи на малку покомплекса анализа. Пред се треба да се види во почвата дали нема некои штетници кои мигрирале од едно на друго место и причинува штети на кореновиот систем, што придонесува растението да страда за вода и за хранливи материи. Понатаму треба да се провери неговата здравствена состојба дали врз него нема некои габни заболувања или некои друг вид заболувања и фотосинтетските материјали.“ – кажа Златковски.
Златковски исто додаде дека овој процес на пресадување на дрвјата во останатите држави е познат и се практикува години наназад. Исто така тој посочи дека ниту временскиот период на пресадување на дрвјата не е причината за нивно сушење.
Златковски посочи дека почестото наводнување на дел од дрвјата кои покажале знаци не сушење не мора да значи дека тие понатаму нема целосно да се исушат. Според него неопходно да се испита која е причината за ваквата појава кај дрвјата и понатаму соодветно да се делува.
Лаура Стојанова М-Нет