Кочанчанец починал при изведување на работни задачи

На 22.07.2021 во 13.02 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 12.30 часот при изведување на работни задачи во фабрика во Кочани починал Г.К.(48) од Кочани. Доктор од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт без траги на насилство. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.