Ридот во населба „Трајаново трло“ во Кочани денеска нешто пред 17 часот беше во пламен и чад. Од засега непознати причини се запалила сувата треба која најмногу е присутна, а ветерот кој беше присутен дополнително придонесе огнот брзо да се прошири. Пламените јазли преставуваа опасност за тамошните жители, бидејќи истиот се прошири и дојде речиси до куќите од една страна, а од друга страна и во близина на фабриката за вода во Кочани. Граѓаните сите со сопствени сили, со кофи вода, лопати и друг помошен алат помагаа огнот да се изгасне и да се стави под контрола. Интервенираа и од Противпожарната територијална единица Кочани, меѓутоа стрмноста и недостапноста на теренот ја отежнуваше целокупната акција. Околу 18 часот огнот беше делумно ставен под контрола, односно се отргна опасноста истиот да ги зафати куќите но не беше целосно изгаснат. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.