
Фудбалерите на Брегалница полека, но сигурно ги привршуваат подготовките на Златибор. Во денешниот „рапорт“ на Извршниот Директор Емил Тодев дознаваме дека условите за тренинг се одлични, се работи интензивно и се е подготвено за денешниот последен тест со екипата на Бачка која годинава испадна од Супер лигата на Србија. . Она што загрижува е повредата на Андреј Кудијан кој мораше да биде вратен во Македонија на дополнителни снимање со надеж дека сепак не се работи за посериозна повреда и дека со него ќе биде се во ред до почетокот на првенството. Инаку во текот на утрешниот ден, Брегалница ќе го одржи утринскиот кој воедно ќе биде и последен тренинг овде на Златибор по што сината фудбалска експедиција ќе се врати во Штип.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk